Денеска продолжува 82-та седница во Собранието

Во Собранието денеска продолжува 82-та седница со гласање по Предлог–законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита во прво читање, за кој пратениците вчеравечер ја исцрпија расправата.

На дневен ред на седницата се и предлог-измените и дополнувањата на законите за вработување и работа на странци, за вработување и осигурување во случај на невработеност, за социјалната заштита,  за агенциите за привремени вработувања, за јавните патишта, за градење, предлог-измените на законите за поштенските услуги и за заштита на сведоци (сите во прво читање), како и  Информација за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Република Македонија, поднесена од пратениците на опозициските партии во Собранието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.