Денеска променливо облачно, утре пороен дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Максималната температура ќе се движи од 22 до 29 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе имаат променлив интензитет, проследени со локална појава на грмежи.

Поизразена нестабилност се очекува утре попладне, кога на места ќе има интензивен пороен дожд, засилен ветер и силни електични празнења. Локално ќе наврнат над 20 л/м2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.