Денеска рочиште за споениот предмет „Таргет-Тврдина“

Во Кривичниот суд за во петокот е закажано рочиште за  споениот предмет „Таргет – Тврдина“  за незаконското прислушување и за уништување на опремата од прислушувањето.

Во овој предмет се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот  директорот на УБК, Сашо Мијалков, и шефот на неговиот кабинет Мијалков, Тони Јакимовски.

Според обвинителниот акт, п реку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

За овој предмет судско рочиште е закажано и на 17 јануари следната година.