Денеска Самит на Лидерите на ЕУ во Брисел

Лидерите на Европската Унија (ЕУ), денеска ќе одржат Самит во Брисел на кој ќе се разговара за успехот на евроскептиците и партиите на крајните десници за време на изборите во Европскиот парламент.

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, претходно изјави дека ЕУ мора направи некои реформи и да ги намали своите овласутвања по растот на поддршката на евроскептиците и партиите на крајните десници.

Оланд, чија Социјалистичка партија доби помала поддршка од партиите на десницата на изборите за Европскиот парламент, истакна дека ЕУ е премногу комплицирана и одаделечена.

Потресот на политичката сцена го предизвикаа европските гласачи кои им дадоа поддршка на евроскептиците како партиите „Национален фронт“ во Франција и британската „Независна партија за Обединето Кралство“.

Британскиот премиер, Дејвид Камерун, рече дека мора да се извлечат поуки од изборните резултати.

Европските лидери на состанокот ќе разговараат за четиридневните избори за Европскиот парламент, кои завршија во неделата, како и за изборот на новиот претседател на Европската комисија и кризата во Украина.