Денеска се потпишува договорот за инвестирање со Техникал текстил

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претставници на германската компанија Техникал текстил. По средбата ќе биде потпишан договор за реализација на инвестицијата на Техникал текстил во технолошко индустриската развојна зона – Штип.

Станува збор за фабрика која се занимава со производство на изолациски материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија. Во првата фаза се планирани вработувања на 500 до 600 лица.