среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 6

Денеска се празнува Пречиста Богородица

Значењето на овој празник е многу сложно, но сепак – Црквата го гледа како празник кој го обележува крајот на физичкиот, материјален Ерусалимски Храм како место во кое пребива Бог, и почеток на Новиот Завет, каде преку Богородица, Несместивиот Христос е сместен во утробата на Пречистата.

Денеска се празнува Пречиста Богородица

Денеска се празнува Пречиста Богородица

Последни вести

Воведение во Храмот на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте големи празници кои ги празнува Православната црква, познат и како Пречиста Богородица. Се празнува на 21 ноември, односно 4 декември по нов стил.

Според Светото Предание, Пресвета Богородица била претставена во Ерусалимскиот Храм како мало тригодишно девојче од нејзините благочестиви родители, свети Јоаким и Ана, со цел да биде исполнет нивниот завет даден на Бога. Бидејќи за раѓањето и раниот живот на Богородица нема непосредни информации од книгите на Новиот Завет, најраниот извор на ова предание може да се лоцира во неканонското Протоеванелие според светиот апостол Јаков од вториот век. Во нејзина преидружба биле повикани девојчиња кои носеле свеќи во рацете, давајќи му посебно значење на самиот настан. Богородица се искачила по скалите, свечено пречекана од свештениците во храмот, предводени од Захарија, таткото на свети Јован Крстител, и била воведена во најсветиот дел од Храмот – Светињата на светиите. Таму живеела девет години, додека не била предадена на нејзиниот роднина, свети Јосиф Целомудрен, за да биде испочитуван Законот.

Значењето на овој празник е многу сложно, но сепак – Црквата го гледа како празник кој го обележува крајот на физичкиот, материјален Ерусалимски Храм како место во кое пребива Бог, и почеток на Новиот Завет, каде преку Богородица, Несместивиот Христос е сместен во утробата на Пречистата.

На овој начин, Пресвета Богородица се предава и посветува целосно на Бога и (подоцна) станува пребивалиште на Воплотениот Бог, мост кој ги поврзува небото и земјата – Бог и човекот; чекор пред обожувањето на човекот.

Најчитани вести