Денеска се пушта во употреба автопатот Смоквица-Демир Капија

Со свечена церемонија, на која ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, претставници на Директоратот за проширување на Европската Унија, највисоките претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје и други, денеска ќе биде пуштена во употреба делницата Демир Капија – Смоквица на автопатот „Пријателство“.

Се очекува официјално присуство на претставник на централната власт на Република Грција, како и претставници на компаниите изведувачи на работите на оваа делница.

Изградбата на овој дел од автопатот  во должина од 28 километри траеше шест години и чинеше 270 милиони евра. Автопатот има два тунела од по 1.200 метри и шест мостови. Изведувач на работите беше грчката компанија „Актор“. Финансирањето и изградабата на автопатот беше проследено со афери, по што се отворени две истраги – една во Грција и една во Македонија.