Македонија

Денеска снег и силен ветар

Денеска снег и силен ветар

Денеска на повеќето места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Ќе се формира и нова снежна покривка, особено во западните планински предели со висина од околу 20 сантиметри.

Преку денот, односно во вечерните часови ветерот ќе се засилува и наместа ќе достигнува до околу 60 километри на час.

Во наредните денови се очекува претежно стабилно и суво време со пораст на температурата.