Денеска сонце и повторно дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со повремена нестабилност.

Повеќе услови за нестабилност ќе има во крајните источни делови од земјата, додека во западните краеви развојот на облаци ќе биде помал, со поретка појава на краткотраен дожд.

Минималната температура во поголем дел од Македонија ќе биде  околу 11°С.

Максимална температура околу 27°С се очекува во котлините во западниот регион, и околу 28°С во котлините од источниот крај. Југот на повардарието очекува максимална околу 30°С.

Во Скопје се очекува претежно сончево време претпладне, а попладне ќе има развој на облачност која ќе донесе врнежи кои повремено и локално ќе бидат поинтензивни. Минималната температура ќе има вредност околу 12°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне вредност до 29°С.