Денеска сонце од утре дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината слично време со температурата до 31 степен.

Утре попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До вторник во претпладневните часови ќе има зголемена облачност со умерен, повремено засилен ветер и со повремени врнежи од дожд. Потоа следува период на сончево и топло време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.