Денеска сончево, од утре пад на дневните температури

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, во западните длови умерен јужен и југозападен ветер.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 24 Целзиусови степени, во Охрид 20, Маврово 15, Битола 22, Дојран 27, Кавадарци 25, Берово 19, Крива Паланка 21…

Утре времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со локален краткотраен дожд. Дневните температури ќе се движат во интервал од 18 до 26 степени.

В вторник времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и температури од 15 до 22 степени. И во среда времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Дневните температури ќе бидат од 16 до 23 степени, прогнозира УХМР.