Денеска сончево со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево, без ветер наутро и навечер, а со повремен слаб ветер преку ден.

Според Метеопро ќе биде потопло за разлика од петок, па во повардарскиот регион максималната температура ќе има вредост околу 36 Целзијусови степени. Околу 33 Целзијусови степени во Пелагонија, Осоговијата и Полог и до 31 Целзијусови степени во охридско преспанскиот регион.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, до 36 Целзијусови степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.