Денеска сончево со температура до 37 степени

Времето денес ќе сончево со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните планински подрачја, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. УВ=8

Утринската температура во Македонија ќе биде во интервал од 11 до 19 Целзијусови степени , а дневната од 29 до 37 Целзијусови степени.

Во Скопје слично време со утринска температура од 18 Целзијусови степени, а дневната до 35 Целзијусови степени.

И во наредните денови во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во вторник ќе бидат застапени на повеќе места, особено во планинските подрачја, а поретки се очекува да бидат во среда и четврток