петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 23

Денеска сончево време со температура до 21 степен

Во текот на попладневните часови ќе има зголемување на облачноста во поголемиот дел од државата. Во текот на ноќта кон петок и в петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд.

sonce-vo-esen

Последни вести

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала, а само во западните делови со умерена облачност.

Во текот на попладневните часови ќе има зголемување на облачноста во поголемиот дел од државата. Во текот на ноќта кон петок и в петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала, а во попладневните часови со значителна облачност. Претпладне ќе дува слаб јужен ветер, кој во текот на попладнето ќе го смени правецот во северен. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во југоисточните делови ќе има услови за локален дожд.

Од понеделник под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и ќе дува засилен јужен ветер.

Најчитани вести