Денеска сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Поварадарието.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во наредните денови следува приод на претежно стабилно и потопло време. В недела и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови само во источните делови на земјава ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.