Денеска сончево и топло време

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од југозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од  минус 4 до 2 степени, а дневните од 15 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од југозападен правец и температура до 19 степени.

Во недела кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд проследен со ретки грмежи.

Во почетокот на наредната недела времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер кој повремено ќе се засилува особено во вторник и среда.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.