Денеска сончево, од утре благ пад на температурите

Во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 13 до 23, а максималните дневни температури ќе достигнат до 38 степени целзиусови. УВ индекс ќе биде 8.

Во Скопје, исто така, сончево и многу топло, со слаб јужен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде до 20, а максималната дневна температура ќе достигне до 35 целзиусови степени.

Во сабота ќе биде сончево, топло и ветровито со благ пад на температурите. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20, а максималните дневни температури ќе достигнат до 36 степени.

Во недела пак, не` очекува дополнителен пад на температурите. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Во крајните западни предели со услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе бидат од 11 до 20, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18, односно до 29 степени Целзиусови. УВ индекс ќе изнесува 5.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.