Македонија

Денеска сончево со мала облачност и слаб ветер

Денеска сончево со мала облачност и слаб ветер

Денеска во Македонија не’ очекува сончево време со мала облачност, а во утринските часови по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува и слаб повремен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од пет до 13 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има магла, а попладне таа ќе се намалува и ќе има сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до осум степени.

Во недела и во понеделник ќе преовладува облачно време со појава на локален дожд, кој ќе биде позначителен во западните делови од земјата.

Во следните неколку дена температурите ќе бидат доста високи за овој дел од годината и ќе има зголемена облачност.