понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 17

Денеска средба Коѕиас- Попоски во Варшава

Poposki-Kodzijas

Последни вести

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска во Варшава, на маргините на самитот на НАТО, ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, јавија грчките медиуми.

Други детали за средбата не се соопштуваат.

Коѕиас вчера во Варшава учествуваше на состанокот НАТО-Грузија, како и на работна вечера на министрите за надворешни работи на НАТО со Федерика Могерини. Тој исто така се сретна со канадскиот колега Стефан Дион.

За денеска се планирани и средби на Коѕиас со министрите за надворешни работи на Естонија, Турција и Албанија.

Најчитани вести