Денеска стабилно, утре можен пороен дожд

Денеска времето ќе биде сончево, а попладне во планинските подрачја ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Максималната температура ќе се движи од 27 до 32 степена.

Утре и во четврток попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Во среда и четврток ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе предизвика значително затоплување.