Македонија,Економија

Денеска стартува изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Денеска стартува изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, најзначајниот инфраструктурен објект за Охрид и цела Западна Македонија, ќе започне денеска и се очекува работите да завршат за 45 месеци. Компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“ од Кина ќе ја врши изградбата, додека зафатот ќе чини 274 милиони евра.

Вкупната должина на автопатот изнесува 56,7 километри. Ќе има две ленти по 3,75 метри во правец, лента за застанување од 2,5 метри, како и рабни летни и банкини по целата должина. Помеѓу двата коловоза ќе има разделен појас во должина од 3 метри. Автопатот ќе има 6 натпатници, 13 потпатници, 22 мостови – вијадукти, 7 армирано бетоснки мостови, како и тунел под планинскиот превој Пресека со две цевки за двата правци во должина од 1.990 метри.

На означувањето на стартот на изградбата ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.