Денеска температура до 35 степени

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до 32 степена.

Од вторник повторно ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.