Македонија

Денеска топло, од утре повторно дожд

Денеска топло, од утре повторно дожд

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во јужните делови променливо облачно, доцна попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Утре времето ќе  биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20л/м2 Врнежите ќе продолжат и во сабота, особено претпладне но со послаб интензитет. Потоа времето постепено ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат во благ пораст.