Денеска многу топло со температура до 38 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од источен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од североисточен правец.
Температурата ќе се движи од 20 до 37 Целзијусови степени.

Од недела до вторник во попладневните часови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе опаднат за околу 5 степени.