Магазин

Денеска во Нетпрес кујната се готви унгарски гулаш и мини крофни со крем

Денеска во Нетпрес кујната се готви унгарски гулаш и мини крофни со крем

Нашиот предлог за денешниот ручек е традиционален гулаш на унгарски начин и мали, слатки крофни со крем.

Потребно:

1 кг младо говедско месо, исчукано и исечено на коцки

2 лажички ким

една и пол лажица мелен црвен пипер или буковец (или мешавина од двата)

сол и бибер по вкус

1 голема главици кромид, сечкана ситно

1 мала црвена бабура, сечкана

1 домат, ситно сечкан

500 мл говедска супа од коцка

1 лажичка сос ворчестер

3 чешниња лук, здробени

2 дафинови листа

1 лажица пченкарно брашно измешано со 2 лажици вода

2 лажица сечкан свеж магдонос

Подготовка:

Ставете го говедското месо во поголем лонец.

Истолчете ги семињата ким, ставете ги во сад и додајте им ги црвениот пипер, солта и црниот пипер. Со мешавината зачинете го говедското, убаво мешајќи за да впие. Одозгора истурете ги кромидот и бабурата.

Во средно тенџере измешајте ги доматот, супата од коцка, сосот ворчестер и лукот и оставете да зовријат. Кога ќе зовријат, прелејте ги преку месото и зеленчукот. Одозгора ставете ги дафиновите листови.

Покријте го лонецот и варете додека говедското да омекне (4-4,5 часа на висока температура или 7-7,5 часа на ниска температура).

Извадете ги дафиновите листови. Со лажица соберете ја маста од површината. Додајте ја смесата од пченкарно брашно и вода и на висока температура, 2-3 пати промешувајќи, варете додека сосот да згусне, 10 до 15 минути.

Одозгора наросете го магдоносот и сервирајте со тестенини или со пире.

А за десерт послужете мини крофни полни со крем.

Потребно:

500 г брашно

4 јајца

4 жолчки

100 г путер

100 мл млеко

1 лажица прашок за печиво

4 лажици бело вино

сок од 1 лимон

малку сол

малку шеќер (за посипување)

масло за готвење

Подготовка:

Во поголем пластичен сад ставете го сокот од еден лимон и шеќерот, добро измешајте ги и оставете ги да отстојат неколку минути.

Во истиот сад додадете го брашното, прашокот за пециво и малку сол.

Во друг сад изматете ги јајцата, додајте омекнат путер, млекото и белото вино, и се убаво измешајте. Смесата додадете ја во смесата со брашното и со виљушка постепено мешајте ги состојките.

Замесете фино и мазно тесто. На набрашнета површина, расукајте го и со модла вадете округли форми. На средината на секоја форма ставете нутела крем (или друг чоколаден крем), па секое парче рачно обликувајте го во форма на топка.

Во сад, ставете да се загрее масло за готвење. Ставете ги топчињата да се пржат се додека фино не заруменат. Испржените крофни наредете ги на кујнска хартија за да се впие маслото, попрскајте ги со шеќер во прав и послужете ги.