Денеска во прекин сообраќајот на дел од патот Маврово – Дебар

Сообраќајот на патот Маврово–Дебар на делот од Мелнички мост до село Долно Косоврасти денеска попладне од 13 до 17 часот ќе биде во прекин во двата правца.

Прекинот на сообраќајот е поради најавенеото асфалтирање на тој дел од патот, соопшти Диспечерскиот центар на Јавното претпријатие „Македонија пат“.