Започнува откупот на тутунот

тутун
Денеска започнува откупот на тутунот од годинашнава реколта. Во 154 откупни пунктови деветте откупувачи во Македонија треба да откупат 25 илјади и 700 тони квалитетен тутун.

Во најголемиот  пелагонискиот производствен регион во земјава од 20.000 тутунопроизводители ќе бидат преземени над 16 илјади тони тутун.

Само прилепскиот тутунски комбинат ќе преземе над 3 илјади тони тутун, a тутунарите очекуваат повисоки цени поради годинашниот повисок квалитет на тутунот.

Лани просечната откупна цена достигна 117 денари за килограм.

Според проценките на откупените  први количини на тутун годинава се очекува просечната откупна цена да биде од 170 до 185 денари за килограм.