Денеска завршува забраната за сообраќање на тешки товарни возила

Денес завршува привремената забрана за движење на тешки товарни возила која беше воведена на 1 јули , на патот Гостивар-Охрид . Според времената забрана тешките товарни возила, со над 7,5 тона вкупна маса не можеа да се движат секој петок во интервалите од 15-24 часот, а сабота и недела 7-24 часот.

Ограничувањето не се однесуваше на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Мерката се воведе со цел да се заштити коловозот од оштетувањата предизвикани од големите осни оптоварувања на тешки товарни моторни возила, во услови на високи дневни температури во текот на летото.