Денешниот свет и Македонија

Еден од најголемите проблеми на Балканот е дека западниот свет успеа да го натера да размислува преку неговите вредности. Оттука и целосната зависност на тукашните држави како од економски така и политички аспект. А, пред сè психичката зависност. Затоа што се зема за пример сè и сешто од Западот и од САД, не е можна еманципација од нив, а уште помалку да им се спротивставиш.

Во таа смисла, не е чудно дека политичарите сè се повеќе зависни отколку народот. Ако немаш самодоверба во себе и во вредностите на својот народ, секогаш ќе бидеш во подредена состојба во однос на странските „моќници“.

Зошто победата на Трамп го изненади не само Балканот, туку и останатиот дел од Европа?

Затоа што тукашните политичари и медиуми се натпреваруваа да ја пренесуваат официјалната американска пропаганда без да расмислуваат и да прават критичка анализа. Се сеќавате како пред осум години светот ја прифати со аплаузи победата на Обама?

Овој тип доби во аванс и Нобелова награда за мир, а потоа ја организира крвавата арапска „пролет“ и ги уништи Либија и Сирија, како и Украина. Притоа, создаде и „Исламска држава“, од која денес сите врескаат. Само што тогаш, во 2008 година, Обама беше прифатен како месија во споредба со Буш помладиот. По тој повод, во тогашниот весник „Време“ напишав колумна под наслов: „Обама како Дедо Коледе“, со почеток: „Деновиве новоизбраниот американски претседател е прифатен како нешто на средина меѓу мит и логичен херој, нов Господ и Дедо Коледе, од кого сите очекуваат подароци. И досегашните пријатели на САД и оние од ’црниот список’ на Бушовата администрација. Таквите очекувања покажуваат дека кризата во која западна светот не е толку финансиска, колку што е криза на автентичност, достојнство и самочувство“.

Обама дојде по агресијата на двајцата Бушовци и на Клинтон во светот, но и ја продолжи нивната агресија. Евреите имат приказна: Бидете среќни во злото денес, затоа што утре ќе биде уште полошо. Ние, Македонците можеме да бидеме среќни, затоа што во трката меѓу Трамп и Клинтонка победи Трамп.

ПОБЕДА НА КЛИНТОНКА ЌЕ ЗНАЧЕШЕ УШТЕ ЕДНАШ РАСПАРЧЕНА И УНИШТЕНА МАКЕДОНИЈА.

Од две причини:

  • прво, затоа што коцките беа веќе наредени во тој правец и
  • второ, затоа што македонските институции немаа храброст да ја бранат државата и македонскиот народ.

Што е сега со победата на Трамп?

Пред неколку месеци напишав, а сега го повторувам, затоа што ми дојдоа преку глава глупостите во македонските медиуми. Трамп не е тоа што го мислат, ниту неговите приврзаници, ниту неговите непријатели.

ТРАМП Е МЕНУВАЊЕ НА ДОСЕГАШНАТА ОРИЕНТАЦИЈА ВО СВЕТСКАТА КОНФРОНТАЦИЈА. ЗНАЧИ МЕНУВАЊЕ НА ПОТФАТОТ ВО КОНФРОНТАЦИЈАТА, А НЕ НА САМАТА КОНФРОНТАЦИЈА. КОГА ЗБОРУВАМ ЗА ТРАМП, ГИ РАЗБИРАМ СИЛИТЕ ЗАД ТРАМП:

  • Прво, силите кои управуват со САД и имат претензии за светско господство имат две опции. Општото е и во двете ИДНА СВЕТСКА ВОЈНА, со цел драстично смалување на човечката популација од една страна, а од друга – целосна контрола врз светот. Разликата е во улогата на САД во таа светска војна. Позади Клинтонка се силите кои сакат директна и брза конфронтација со Русија и Кина и со учество на ЕУ на страната на САД. Позади Трамп се тие кои сакат расчистување со досегашниот американски естаблишмент и со Европа. Стратегијата на Клинтонка е светска победа без оглед на цената и потоа следи расчистуване на самите во САД. Позади Трамп се луѓе, кои ќе ја вооружуваат и ja втурнуваат Европа во конфликт со Русија, за потоа да имаат пред себе ослабена Русија.

ТОА Е ЗАПАДНИОТ МОДЕЛ КОЈ ЈА ПОТПАЛИ ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА. ЗА ДА БИДАМ УШТЕ ПОЈАСЕН ЌЕ КАЖАМ ДЕКА ОПЦИЈАТА НА КЛИНТОНКА Е САД ДА СЕ НАМЕТНЕ ДЕФИНИТИВНО КАКО СВЕТСКИ ГОСПОДАР, А ЛУЃЕТО ПОЗАДИ ТРАМП САКААТ НАДНАЦИОНАЛНА СВЕТСКА ВЛАДА А ЗА ЦЕЛТА СЕ СПРЕМНИ ДА ГИ ЖРТВААТ САД И ЕВРОПА.

Победата на Трамп ги уплаши лидерите на ЕУ, затоа што тие сфатија што ги чека. Затоа на Обама му беше потребно да ја направи визитата во Западна Европа и да ја промовира Меркел како “столб” на ЕУ и НАТО. Таа визита ја охрабри Меркел. И изјави дека по четври пат ќе се кандитира за канцеларскиот мандат.

Во споредба со глупаците од Западна Европа, Балканот почна да се свртува кон Русија. По победата на прорускиот претседател во МОЛДАВИЈА И ТАМОШНИОТ ПРЕМИЕР ИЗЈАВИЈА ПОТРЕБНОСТ ОД ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ СО РУСИЈА. ПРЕВАРАНТСКАТА БУГАРИЈА ИСТО ТРАГНА ВО ТОЈ ПРАВЕЦ. СЕ ОХРАБРИ И СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НИКОЛИЌ ВО ОДНОС НА КОСОВО. ЕРДОГАН СЕ ПОТСЕТИ ЗА ТЕСТАМЕНТОТ НА АТАТУРК НИКОГАШ ТУРЦИЈА ДА НЕ ВОЈУВА СО РУСИЈА.

СО ДВА ЗБОРА, ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА КЛИНТОНКА, Т.Е. НА ДОСЕГАШНИОТ МОДЕЛ НА КОНФРОНТАЦИЈА НА БАЛКАНОТ И ВО ДРУГИОТ ДЕЛ ОД ЕВРОПА СЕ ИЗПАНИЧЕНИ И ТОА МОРА ДА СЕ ИСКОРИСТИ.

  • Второ, ПОБЕДАТА НА ТРАМП, ЗНАЧИ ГОЛТКА ВОЗДУХ ЗА МАКЕДОНИЈА. Не повеќе, но ако сме паметни, тоа е доволно. Тоа е последна шанса да се организираме како народ и држава и да не чекаме повеќе како овци на кланица. Затоа што не Трамп, туку ние мора да се пребориме и да покажеме дека имаме милениумско име, идентитет и историја.

Моментно надворешните и внатрешни непријатели на Македонија дејствуваат…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.