Дени Алвеш го пропушта Мундијалот во Русија

Десниот бек на „кариоките“, Дени Алвеш ќе го пропушти Мундијалот во Русија,откако се повреди во финалето на Купот на Франција, па тимот на ПСЖ може да стане кобен за Бразилците, откако претходно се повреди и најскапиот светски фудбалер, Неијмар.

За разлика од Алвеш, Нејмар во моментов е на рехабилитација во Бразил, па се очекува тој да биде подготвен за Светското првенство.

Првичните прогнози велеа дека не се работи за нешто посериозно, но деталните прегледи донесоа лоши вести. На Алвеш му се оштетени лигаментите на коленото, па дефанзивецот наверојатно ќе паузаира помеѓу четири и шест месеци.

Селекторот на „Кариоките“, Тите, кој во понеделник ќе го соопшти составот за Русија ќе мора да направи измени меѓу првите единаесет, а како замени за Алвеш се спомнуваат Рафиња од „Баерн“, Данило од „Манчестер Сити“ и Фагнер од „Сао Паоло“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.