Македонија

Денот на албанската азбука, неработен ден за Албанците

Денот на албанската азбука, неработен ден за Албанците

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 22 ноември (сабота) е неработен ден.

Тогаш се одбележува Денот на Албанската азбука, а истиот е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.