Денот на аутизмот одбележан во „Капитол мол“

Меѓународниот ден на аутизмот, 2. април беше одбележан вчера во Capitol Mall.

Настанот беше одржан во организација на здружението „Во мојот свет“, а традиционално и оваа година покровител на настанот беше амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Иван Петков.

Настанот беше отворен со химната за аутизам „Во мојот свет“ во изведба на браќата Тавитјан, Ребека, Џафер и Лозано.

По химната свое обраќање имаше Иван Петков, а потоа обраќање на родител, претставник на родителите на лица со аутизам.

Настанот го збогатија: Златните Славејчиња, учениците од „Златен Сремец“, кореографско студио Еурека, групата Ангелчиња придружувани од виолина и пијано, кошаркарите од МЗТ Скопје и секако традиционално својата поддршка ја даде мото клубот Ноќни Волци.

Настанот заврши со сложување на сложувалката, симбол на лицата со аутизам и пуштање на балони заедно со членовите на Мото клубот Ноќни Волци и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија. Во знак за одбележување на овој ден стотици сини балони летнаа високо во облаците пред трговскиот центар Капитол мол.

k

k1

k2

k4

k5

k6

k7

k8

k9

k10

k11