Денот на планетата Земја се одбележа низ училиштата во општина Кисела Вода

Денот на планетата Земја со повеќе активности беше одбележан во сите училишта во општина Кисела Вода.

Учениците од ОУ “Партенија Зографски” заедно со своите наставници, ги презентираа своите изработки во рамки на претходно реализираната еко работилница. Потоа, беше остварена и посета на депонијата Дрисла, каде што преку презентација на видео – бим беа запознаени и им беше  целосно презентиран процесот на селекција на отпадот.

deca-kv

Во сите останати училишта низ општина Кисела Вода, беа изведени предавања за подигнување на еколошката свест и зачувување на животната средина.

deca-kv2

Денот на планетата Земја за првпат е одбележан во САД, во 1970 година, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.