Денови на енергетска ефикасност во Скопје

Денеска во рамки на  Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје, во Кино Фросина во Младинскиот културен центар, се одржа филмски фестивал на тема енергетска ефикасност. На фестивалот присуствуваа: раководителот на Одделението за енергетска ефикасност на Град Скопје, Љупчо Трпковски, регионалниот проект раководител од ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка) Јасна Секуловиќ и  директори и наставници од средни училишта на Град Скопје.

-Енергетската ефикасност, освен што е императив и потреба на општеството, претставува најдобриот и најприфатлив ресурс со кој може да се намали големиот увоз на енергија и да се спречи одлевањето на финансиски средства надвор од државата. Токму и целта на овој настан е знаењето  кое ќе го добиете со гледањето на овие едукативни филмови и да го пренесете во своите интитуции, да влијаете врз учениците или другите вработени, зашто со примена на едноставни мерки за штедење на енергија може очигледно да се влијае врз сметките за енергија. Освен во јавните институции, тие мерки треба да се применуваат и  во нашите домови. Така директно ќе се влијае врз висината  на сметките,  а индиректно ќе се влијае и врз животната средина со намалување на испуштање на штетни гасови во атмосферата. Со ова би се добило двоен бенефит (финансиски и почиста животна околина). Се надевам дека соработката со ГИЗ и натаму ќе продолжи и не само на полето на енергетиката – како водечка сила без која неможе да се замисли современиот живот на нашата планета, туку и на други полиња, кои исто така се од голема важност за целокупниот современ живот-  истакна Љупчо Трпковски.

Посетителите на Фестивалот имаа можност да погледнат презентација на 5 документарни филмови, како и да добијат, промотивни материјали и СД со документарните филмови во кои беа прикажани  пораки и идеи како да се штеди енергијата на работното место  и во домовите. Исто така, посетителите можеа да видат позитивни  искуства и насоки за штедење на енергија  кои вродиле со плод, а се од големо значење како за граѓаните, така и за заедницата. 

Во рамки на  Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје, денеска на плоштадот Македонија на минувачите им се делеше папка со брошури и флаери за активности кои се спроведени од Градот Скопје и  чашки за пенкала со термометар

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.