„Денови на македонската музика“ во Скопје

Од четврти до шести април ќе се одржи фестивалот „Денови на македонската музика“, кој ќе се одржи во соработка со Македонската асоцијација за електроакустична музика.

На свеченото отворање во Музејот на македонската борба, со почеток во 18 часот, на програмата ќе биде претставена композицијата „Елеорп 76“ (1976) од Драгослав Ортаков, за која се верува дека е прва електронска музичка композиција од македонски композитор и македонска премиера на композицијата “Macedonian Air Drumming” (1990) од американскиот композитор Неил Ролник.