Денови на убава мисла во Матица

Во Паркот на книгите продолжува славењето на зборот, словото и книгата. Во првата седмица од февруари ќе бидат промовирани најновите дела на современите македонски автори, Панде Манојлов, Јован Дамјановски, Коле Манев, Трајче Кацаров и Славе Ѓорѓо Димовски.

Во понеделник, 2 февруари, во 12:00 часот, читателите ќе имаат можност за непосредна средба со Панде Манојлов од Битола. За неговото најново дело „Последната корида на душата“ ќе говори Паскал Гилевски.

Во вторник, 3 февруари, во 12:00 часот, пред публиката ќе биде претставен најновиот роман на Јован Дамјановски од Тетово „Мирисот на лагата“. За неговото дело ќе говори Раде Силјан.

Во среда, 4 февруари, средба со читателите ќе има Коле Манев. Поводот е неговото дело, сценарија за филм „Сценарија, зошто да не?“. За делото ќе говори Иван Чаповски.

Во четврток, 5 февруари, во 12:00 часот ќе биде претставено делото на Трајче Кацаров од Штип, „Двонасочна релација-Театар и публика“. За делото ќе говорат акад. Милан Ѓурчинов и др Маја Јакимовска-Тошиќ.