Денови на виничкиот мед „Благовец 2015“

По повод верскиот празник Благовец,пчеларското здружение Матица ќе ги организира традиционалните денови на винничкиот мед на кој што ќе учествуваат лица од областа на пчеларството.

На плоштадот во Виница во текот на викендот ја организиравме традиционалната пчеларска изложба на која имаше и продажни штандови на дваесетина производители на мед од виничкиот регион и пошироко. Примариусот по фармација Илчо Захариев одржа предавање за лековитите својства на медот и другите пчелни производи кое беше посетено од голем број пчелари и граѓани на Виница, изјави Тиме Јовановски, претседател на пчеларското здружение Матица од Виница.

Манифестација ќе заврши утре со осветување на пчеларникот кој се наоѓа над Калиманската брана, обичај кој го изведуваат свештеници од МПЦ и пчелари од Виница.

Во Виничката област  100-тина семејства одгледуваат 4.000 пчелни семејства од кои се добиваат  планински и ливадски мед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.