Денови на занаетчиството во Македонија

Со цел промоција на потенцијалите на занаетчиството како фактор за економски развој, креатор на нови работни места, атрактивно занимање за младите, чувар на традицијата и културата, денеска во Старата скопска чаршија ќе се оддржи петтата манифестација „Денови на занаетчиството во Република Македонија 2014“.

На манифестацијата Занаетчиската комора на Македонија (ЗКМ) ќе додели признание „Занаетчија на годината“, а Министерството за економија, покровител на настанот, „Признание за најуспешните“. Ќе бидат промовирани и првите сертифицирани ментори за практична обука на ученици кај работодавачи.

Најавено е учество на министерот за обарзование и наука Абдилаќим Адеми, претседателот на ЗКМ Весна Симова и заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија Ханс-Хелге Зандер.

„Денови на занаетчиството“ е заеднички проект што од 2010 година го реализираат занаетчиските комори на Македонија и на германски Кобленц.