Деновиве не очекуваат температури до -5, од петок затоплување

Времето денеска променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до 80км/ч. На планините повремено ќе провејува снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5 степени.

Во следниот период не очекува стабилно, суво и студено време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштат и под -5 степени. Од петок температурите ќе бидат во постепен пораст.

За време на викендот, особено во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Ова се температурите:

Screenshot_2