Денвер го преслуша Мајами

Најдобриот тим во НБА лига Индијана, без поголеми славеше на гостувањето  кај Филаделфија со 101:94, нанесувајќи и го19 пораз во низа. Најдобар во гостинскиот тим беше Пол Џорџ со 25 поени, шест скока и четири асистенции.Ветеранот Дејвид Вест постигна 18 поени и седум скока, Хил дополни 14 поени, а Тарнер и Стивенсон по 13 поени.

Шампионот Мајами Хит загуби и втор пат во низа на домашен терен, овој пат од Денвер со 111:107, што не се случило уште од пролетта 2011 година. Хит имаа можност во последните неколку меча да го преземат лидерското место на Истокот, но го претрпеа петтиот пораз во последните шест натпревари и сега имаат две победи помалку од Индијана.

Резултати: Орландо – Вашингтон 101:105 (пр), Бостон – Феникс 80:87, Филаделфија – Индијана 94:101, Шарлот – Минесота 105:93, Мајами – Денвер 107:111, Торонто – Мемфис 99:86, Њу Орлеанс – Портланд 103:111, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 119:85, Јута – ЛА Клиперс 87:96, Голден стејт – Кливленд 94:103.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.