Депардје: Подготвен сум да умрам за Русија

Подготвен сум да умрам за Русија, бидејќи тму луѓето се силни. Не сакам да цркнам како бедни во сегашна Франција, изјави францускиот актер Жерар Депардје кој во 2013. година стана руски државјанин.

Депардје додаде оти никогаш не се чувствувал како Французин бидејќи пораснал со вредности кои не му одговараат.

Рускиот претседател Владимир Путин лично на актерот му врачи руски пасош во почетокот на 2013, кога Депардје се пресели од Франција поради високите даноци. Оттогаш Депардје не ги крие симпатиите кон Путин и кон Русија. „Горд сум што сум Русин“, вели тој.