среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 33

Депортирани 25 албански државјани

mvr1

Последни вести

Депортирани 25 албански државјани од Република Македонија. По последната акција на СВР Тетово вчера, за откривање странски државјани кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, откриени и депортирани се 25 лица.

Од СВР Тетово информираат дека вчерашната акција била реализирана на подрачјата на Гостивар, Чегране и Галате, а на различни места затекнати и приведени се 25 албански државјани на возраст од 20 до 48 години, најмногу од градовите Дибр и Либражд, Република Албанија.

Најголемиот број од нив воопшто не го пријавиле својот престој, не поседувале никакви документи и најверојатно илегално влегле во нашата земја. По нивното приведување и неколкучасовно задржување, албанските државјани предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Лицата, главно економски мигранти, јави дописникот на МИА од Гостивар, доцна синоќа преку граничниот премин Блато депортирани се во нивната матична земја.

Најчитани вести