Депортирани албански државјани кои имаат забрана за влез во Македонија

Вчера во Гостивар од страна на полициски службеник поради илегален влез и немање документи за утврдување на идентитет биле приведени и задржани албанските државјани Е.Ш.(25), Д.Д.(17) и А.А.(20). По извршените проверки било утврдено дека лицата евидентираат со активни забрани за влез во Република Македонија и истите се депортирани во Република Албанија.