Депресијата во Албанија коси – 20 самоубиства секој месец

Иако во последните три годин во Албанија се забележува намалување на бројот самоубиства, сепак, оваа појавa останува алармантна со по дваесетина вакви случаи на месечно ниво, беше костатирано на националната научна конференција „Депресијата и самоубството“ одржана во соработка на повеќе институции.

Според полициската статстика, само во текот на минатата 2016 година евидентирани се 227 самоубиства и 315 обиди за самоубиство. Од овој фемомен не се поштедени ни припадниците на полицијата.

„Појавата на депресија,но и самоубиства,колку што го погодува албанското општество,ги погодува и вработените во полицијата. Случаите на самоубиство кај полицајците е реалност, а тука треба да се има предвид факотот нагласен во разни студии, дека професијата се подредува во професии од висок ризик, стрес и депресија, бидејќи полицајците се соочуваат со трауми“, рече на конференцијата генералниот директор на албанската полиција, Хаки Чако.

Главната причина, којашто кај албанските граѓани доведува да си го одземат животот, е тешката економско- социјалната состојба во семејствата.

На конференцијата донесен е заклучок повиканите институции да подготват стратегија во којашто ќе бидат зацртани мерки и активности за елимнање на овој феномен.