Депримиран кочанчанец извршил самокастрирање, девојката била незадовлна

Депримиран од врската со неговата девојка, која повторно останала разочарана од него, 22-годишен кочанчанец денеска околу пладне си го пресекол половиот орган, јави ТВ Стар.

Депримиран, но одлучен 22-годишен кочанец, денес околу пладне си го пресекол половиот орган. Тешката одлука ја донел дома, откако , девојката со која бил, уште еднаш , останала разочарана од него.
По нејзиното заминување, тој се одлучил на вака тешко самоповредување и во него успеал. Следувало, обилно крварње, по што бил однесен во болница во Кочани. Поради специфичност на случајот , тој е транспортиран во Клиничката болница во Штип, објави телевизијата.

Во меѓувреме, половиот орган е пронајден, по што, во тегла со формалин заедно со него е испратен за Штип. Овдешните уролози, отсеченото не можеа сами да го зашијат, па кочанецот заедно со содржината во формалин е препратен во Скопските клиники.

Кои ќе бидат последиците за кочанецот, од лекарскиот тим за ТВ Стар денес никој не коментираше. Само кратко не информираа дека веројатно кочанечот нема да има физиолошки последици.

Ова е втор слуај на отсекување на полови орган во источниот регион и во Македонија.

Претходно, слина одлука донесе и 40 годишен радовишанец, но тој отиде дотаму што пресечениот дел го фрли во WC шолјата , а потоа пушти и вода. За да си ги врши нормално физиолошките функции, лекарите во Скопје мораа да му вградат специјално цевче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.