Дербито Шкендија – Вардар ја отвора новата сезона во ПМФЛ

Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар ќе биде отворена новата сезона во македонскиот фудбалски шампионат, односно Првата лига (ПМФЛ), одреди денешната ждрепка што се одржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Дуелот меѓу Шкендија и Вардар треба да се одигра во Тетово, на 13 август, но најавено е дека можеби дербито ќе се игра во друг термин, пред сѐ, поради настапот на двете екипи во европските купови, односно Лигата на шампионите и Лига Европа.

Во првото коло ќе се игра и пелагониското дерби, и тоа во Прилеп каде што Победа ќе биде домаќин на Пелистер.

Новите прволигаш ќе дебитираат на гостински терен. Академија Пандев ќе му гостува на Шкупи на Чаир, додека екипата на Скопје ќе патува во Кратово кај Силекс.

Последната двојка за воведната рунда во сезоната 2017/2018 го сочинуваат Работнички и Ренова.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.