Дербито во Дортмунд за Баерн

Во дербито од 11-то коло од германското фудбалско првенство минхенски Баерн акко гостин во Дортмунд, Баерн ја совлада Борусија со 3:1 (2:0).

Германскиот шампион кон победата со убав гол во 17 минута го поведе Арјан Робен, а на 2:0 зголеми Роберт Левандовски во 37 минута кога одлично се снајде пред домашниот гол и со петица ја спроведе топката во голот. Средбата ја реши Ална во 67 минута, откако неговото нафрлување пред голот на Борусија не успеа да го допре ниеден играч и топката отседна во самиот агол, додека почесниот гол за домашните го постигна Бартра во 88 минута.

Водечкиот Баерн сега има 26 бодови, четири повеќе од второпласираниот РБ Лајпциг, а шест од третата Борусија.

Претходно во саботните попладневни натпревари победи остварија РБ Лајпциг, Шалке 04 и ХСВ Хамбургер. РБ Лајпциг го победи Хановер со 2:1, ХСВ беше подобар од Штутгард со 3:1, додека Шалке 04 на гостувањето беше подобар од Фрајбург со 1:0. Борусија Менхенгладбах и Мајнц одиграа 1:1, а со ист резултат заврши и дуелот меѓу Аугсбург и Бајер Леверкузен.

Вицешампионот РБ Лајпциг во средбата против директниот ривал на табелата за пласман во Лигата на шампионите славеше со 2:1, иако Хановер поведе во 55 минута со голот на Бразилецот Жонатас. Во 70 минута изедначи Јусуф Поулсен, а победата на домашните им ја донесе Томо Вернер во 85 минута.

Со оваа победа РБ Лајпциј се проби на втората позицијата прескокнувајќи ја Борусија Дортмунд, која го загуби дербито против Баерн.

Скок на табелата направи и Шалке 04 кој со голот на Даниел Калигиури во 81 минута против Фрајбург. Шалке сега е на 4-то место со 20 бодови, додека Фрајбург е 16-ти со 8 бодови.

ХСВ Хамбургер против Штутгард славеше со 3:1 освојувајќи важни бодови за зачувување на прволигашкиот статус. Клучниот момент на мечот се случи во 14 минута кога гостинскиот играч од средниот ред Џенис Бурниќ заработи црвен картон. Домаќинот со играч повеќе постигна три гола, а стрелци беа Арн Хант во 20, Филип Костиќ во 65 и Жан-Гиет Арп во 69 минута, додека голот за Штитгард голот од пенал го постигна во 55 минута Даниел Гинжек. Хамбургер се искачи на 15-то место со 10 бодови, додека ВфБ Штутгард е 12-ти со 13 бодови.