Спорт

Дерон Вилијамс е новиот „плеј“ на Маверикс

Дерон Вилијамс е новиот „плеј“ на Маверикс

Еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, Дерон Вилијамс во следните две сезони ќе биде член на Далас Маверикс.

Досегашниот кошаркар на Бруклин Нетс во Тексас оди за годишна плата од пет милиони долари и во обид да се врати во најдобрата форма во кариерата. Неодамна, тој ја прифати клаузулата за раскин на договорот со Бруклин за 27,5 милиони долари со што го најави трансферот.

„Добредојде Дерон Вилијамс, најновиот член на семејството на Маверикс. Возбудени сме што го имаме во тимот, а треба да бидат возбудени и навивачите”, сподели сопственикот на Мавс, Марк Кјубан на социјалните мрежи.

Минатата сезона, Вилијамс имаше ефект од 13,3 поени и 6,6 асистенции по натпревар што, сепак, е далеку од вкупниот просек во кариерата кој изнесува 17 поени и 8,5 асистенции.