Дешамп: Погба беше насекаде, тој ја направи разликата

По победата над Белгија во полуфиналето на Мундијалот, селекторот на „триколорите“, Дидие Дешамп особено го пофали Пол Погба, кој не учествуваше во акцијата за победничкиот гол, но имаше многу важна улога во средината.

Сите фудбалери мора да ги споменам, но Погба беше насекаде. Не само во напад, туку и во одбрана беше ефикасен. Белгијците го ставија Феланија на него, па Пол имаше малку помалку слобода со топката. Но знаеше што прави и воопшто не грешеше. Тој израсна со овој тим и тој е важен играч, изјави Дешамп.

Дешамп во 1998 година како репрезентативец на Франција го освои Светското првенство, но сега одбива да ја спореди таа со сегашната генерација на „триколорите“.

Тие мора да живеат во своето време и никогаш да не ја спомнуваат историја. Играчите знаат за 1998 година. Некои од нив не биле ни родени тогаш. Не можам да споредувам, не можам да зборувам со нив за нешто што било пред 20 години. Овде сум со нив да испишеме нови најубави страниците на историјата. Не велам дека не сум горд на тоа од пред 20 години, никој не може тоа да го избрише, но мора да живееме во сегашноста, додава Дешамп.