Денеска се одбележуваат 69 години од бомбардирањето на Хирошима

Денеска се одбележува 69. годишнината од бомбардирањето на Хирошима, на која САД на 6 август 1945 година фрли атомска бомба. Градот беше разрушен, а 13 квадратни километри претворени во пустош. Загинаа 117 илјади луѓе, а последиците од атомската бомба ги почувствувале 217.173 луѓе.

Три дена по атомскиот напад на Хирошима, бомбардиран е Нагасаки. Последиците од атомските напади биле катастрофални.

Атомската бомба со силина од 13 килотони е исфрлена од бомбардерот на висина од 9.400 метри. Таа експлодирала над градот, на висина од 600 метри, со што бил предизвикан топлотен бран со температура од 4 илјади целзиусови степени во пречник од 4,5 километри.

На самиот ден на бомбардирањето во Хирошима, кој тогаш имал околу 300 илјади жители, загинале 70 илјади, а од вжештениот воздух уништетни се 70 илјади од вкупно 90 илјади згради.